Утре е светски ден на срцето

Утре, на 29ти септември на четири различни локации низ Република Македонија ќе се одржуваат активности по повод Светскиот ден на срцето.

Под мотото „Тргни кон здраво срце“ и оваа година 29ти септември ќе биде одбележан како Светски ден на срцето со бројни активности кои ќе се одвиваат ширум светот. Главен акцент ќе се стави на подобрување на животниот стил на човекот со што директно би можело да се намалат бројните ризик фактори кои доведуваат до огромните бројки на кардиоваскуларни заболувања на светско ниво.

Светската федерација за срце е предводник во битката против болестите на срцето и мозочните удари и во партнерство со Институтот за јавно здравје и Министерството за Здравство на Република Македонија ги организираат активностите на овој ден.

Активностите кои ќе се одржуваат на четири локации во Македонија, во Скопје на Кејот од Вардар, во Тетово на Бул. Илирија, Охрид на Кејот на Охридското Езеро и во Штип на Суитлак.

Во склоп на настаните ќе има бесплатни лекарски прегледи, стручен состанок во хотелот Александар Палас во Скопје, како и крос ревијална трка.

Овде и овде можете да ги видите промотивните материјали

А тука имате детални информации за настанот.

Вклучете се!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија