Во чест на чичко Јосиф

Викендот во пролетните прегратки на Јакупица и Китка по 11-ти пат се оддаде почит во чест на Јосиф Илковски, новинар, планинар, писател и борец за убавините на Македонија чии што живот беше трагично одземен бранејќи ја прекрасната Китка.

Настанот беше организиран од П.Д. Трансверзалец и сите заинтересирани имаа можност на две одделни и различни варијанти да му оддадат почит кон чичко Јосиф. Првата, поекстремната опфаќаше пешачење на целата трансверзала „Македон“ која ја вклучува следната рута: железничката станица Ореше – с.Папрадиште – п.дом Чеплес (преспивање) – Солунска Глава (2,540 мнв) – Бегово поле – п.дом Караџица (преспивање) – с.Алдинци – Преслап – Китка – с.Горно Количани.

За оние кои немаа можност, време или пак не беа доволно спремни да ја изодат поекстремната верзија, организирана беше пократка посета од селото Горно Количани до падините на Китка, на местото каде што во минатото стоеше планинарскиот дом Китка кој во периодот кога чичко Јосиф беше убиен беше запален до темел. Таму, беше организиран мал излет на кој што при крајот на денот беше одржан говор во чест на чичко Јосиф. 

Од таму, двете групи, онаа помалата што ја одеше трансверзалата и сите оние кои дојдоа дента да оддадат почит на чичко Јосиф, а воедно да изуживаат во една прекрасна априлска недела на планина се упатија назад кон селото Горно Количани од каде што со организиран превоз луѓето беа пренесени до Скопје.

Нашиот тим ја посети и навистина прекрасно си помина со малата група од 18 души кои ја изодеа целата трансверзала во рок од тие 2 ипол дена, иако ние малку „утнавме“ со тоа што тргнавме од селото Нежилово, а не од станицата Ореше преку која има малку подолг пат.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија