Внимание – опасност од лавини!
За сите оние кои планираат да го фатат мартовскиот снег викендов.
Поради обилните снежни врнежи по планините во регионот постои зголемена опасност и можност од лавини. Планинската Спасителна Служба на Попова Шапка објави дека нивото на опасност е подигнато на високиот четврти степен т.е. дека се можни спонтани лавини, а оние предизвикани од човекот се уште поверојатни.
Внимавајте каков е вашиот избор за движење и уживање во планината, почитувајте ги советите од професионалците и пред се почитувајте ја природата.