Наслов

Виничани втора година со одличен тркачки настан - Чупино Треил

Виница веќе втора година може да се пофали со одлично организираниот настанот во планинско трчање Чупино Треил кој станува своевиден бренд овој регион. Вкупно 140 тркачи стартуваа викендов низ падините на Плачковица, Чупино Брдо и врвот Лисец.

Организацијата на „Ранинг Сквад” оваа година на почетокот од септември по втор пат го организираше настанот Чупино Треил кој беше составен од три трки во планинско трчање. Најдолгата стаза Чупино Треил беше во должеина од 40км и 2000м висинско искачување, Бумбарска Треил беше долга 16км со 550 метри и за прв пат се одржа Алми Детска трка. Живописните патеки на Плачковица повторно си ги покажаа своите убавини и собраа 140 натпреварувачи. 

На трката на 40 километри стартуваа 40 тркачи од кои 39 успешно ја завршија трката. Во машка конкуренција најбрз беше Ивајло Атанасов (победник на Крали Марко Треилс 90км во 2016 година) кој делницата од 40 километри ја помина за 4:06:56 секунди. Второпласиран беше Марјан Бонев од Македонија, а трет Дејан Тодевски. Кај дамите најбрза беше Сања Најдовска, која заврши пред Ивана Јовановска и Катерина Николовска.

На пократката делница од 16 километри стартуваа 103 тркачи и сите успешно финишираа. Кај мажите на подиумот се искачија Мирослав Спасов, Дејан Ангеловски и Игор Јакимовски, додека кај дамите Марија Пеликoн од Македонија, Брук Филиповски од Австралија и Талија Петреска од Македонија.

Сите резултати можете да ги најдете тука

04 Септември 2019

За авторот