Наслов

Вихрен преку Џамџиев раб (видео)

На 17.01.2015 година, во тричлен состав заедно со Един и Дејан, реализиравме искачување на врвот Вихрен 2914 мнв преку Џамџиев раб - источниот гребен кон врвот.

Ние ја минавме варијантата која најчесто се користи во зима (обележана со бр.5) и се приклучува на гребенот на околу 2350 мнв од југоисточна страна.

Самиот гребен не е технички тежок, во средишниот дел се состои од карпеста секција која се минува со константно користење и на рацете (scrambling) и има детали со тежина II според UIAA. Во горните секции движењето се одвива најчесто по самиот гребен со широчина од околу еден метар, а наместа се минува од левата страна. Ниту за искачување ниту за спуштање немавме потреба од користење на јаже и осигурување. Меѓутоа сепак треба да се биде внимателен и да се има одредено искуство за движење по карпест терен пред да се појде на оваа насока. Поаѓајќи од домот "Вихрен" (1950 мнв) рано наутро во 5:15 часот, за искачување на Џамџиев раб ни беа потребни 4 часа и 15 минути, додека за спуштање 2 часа и 10 минути.

21 Јануари 2015

За авторот