Наслов

Ветераните на ФК Кожув и ФК Петролул ги судрија силите на терен

Ветераните на ФК Кожув (Гевгелија) и ветераните на ФК Петролул (Плоешти) одиграа пријателски натпревар во Романија.

Пријателството на двата клуба е благодарение на нивниот соиграч и сограѓанин Димче Каракабаков кој подолг период живее и работи во Букурешт.

Соработката започна пред три месеци во Гевгелија кога беше одигран првиот натпревар помеѓу ветеранските екипи на овие два тима со резултат 4-3 за Петролул, додека на повратниот дуел во Романија Петролу не дозволи изненадување со оглед на силниот состав на бивши играчи на Шахтиор, Зенит и Динамо Киев и победи со 5-2. Ветераните на Кожув се задоволни од дружбата и се надеваат дека вакви пријателски натпревари ќе ги организираат и во иднина.

Екипата на Кожув настапи во состав:

Гелебешев, Митановски, Д.Каракабаков, М.Каракабаков, Караколев, Морачалиев, Г.Каракабаков, Танев, Ефтимов, Димитров, Купанов, Божинов, Цицмиловиќ, Бекаров, Костов, Тасев, Мелков, Апостолов.

26 Септември 2015

За авторот