Велосипедски шлем за ич пари

Поради сè поголемата застапеност и искористеност на велосипедите за изнајмување (барем по поголемите европски и светски метрополи) се зачестува проблемот со велосипедисти кои не носат заштитна опрема бидејќи е помалку веројатно дека некој ќе има при рака шлем кога ќе му текне да изнајми точак во сред град. Тројца студенти од Лондон тргаат да го решат проблемот со табла за јајца и доза иновативност.

Дизајнерскиот тим од Лондон работи на прототипот за велосипедски шлем кои ќе биде доволно ефтин, а воедно доволно добар за да си ја изврши работата кој ќе може да се вклопи во програмите за изнајмување на велосипеди низ Лондон.

Се работи за ефтини шлемови за една употреба кои ќе бидат направени од рециклирана хартија и ќе доаѓаат во склоп на секој изнајмен точак во лондонското централно подрачје. По употребата, шлемот ќе може да биде рециклиран и претворен во нов.

За сега дизајнерите имаат најдено начин да направат биоразградувачки прототип, без додатни адитиви, кои ќе чини само една фунта. И она што е најважно, тестовите покажуваат дека хартиената кацига е доволно добра да спречи поголеми повреди на главата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија