Велосипедистите се невидливи за возачите?

Да не речете дека само кај нас е тешко да се вози точак низ град. Англичаните направија студија која кажува дека во очите на возачите над 20 посто од велосипедиситите се комплетно неприсутни во сообраќајот.

Студијата во која беа употребени специјални очила кои ги следат движењата на корнеата и го одредуваат егзактниот фокус на окото покажа дека 1 од 5 велосипедисти во Англија не е виден од страна на испитаниците (автомобилските и моторциклистичките возачи).

Младите возачи не успеале да забележат 1 од 3 велосипедисти, додека моторџиките 1 од 4. Најстрашните резултати се тоа што младите возачи (од 20 до 29) се повеќе подложни на одвлекување на внимание и се повеќе „слепи” за велосипедите со тоа што не успеале да забележат дури 31% од велосипедистите.

Удрено на просек, испитувањето даде резултат дека повеќе од 1/5 од велосипедите не се присутни за автомобилските возачи.

Пешаците поминале каде-каде подобро, со тоа што само 4% од нив не биле видени.