Наслов

Важноста на квалитетната исхрана во спортот - Предавање во Фитнес Револуција

Минатата недела Фитнес Револуција беше домаќин на професорот по спортска медицина при Факултетот за Физичка Култура во Скопје - Ванчо Поп-Петровски. На предавањето се разговараше за важноста на квалитетната исхрана и суплементација во спортот, а заинтересираноста беше на одлично ниво. 

Професор Ванчо Поп-Петровски веќе долги години е дел од катедрата на ФФК како професор по спортска медицина, а воедно е автор и ко-автор на бројни научни трудови од областа на спортот, медицината, нутрицијата, психологијата и кинезиологијата. 

Предавањето кое го следеа околу 30тина заинтересирани луѓе беше насочено кон една од основните компоненти за квалитетни резултати во било кој спорт - нутрицијата т.е. најголемо внимание се обрна на квалитетот на храната и суплементацијата како и изборот на истата, нешто што е особено важно за сите оние кои сакаат да водат здрав и активен животен стил. 

Во вториот дел од предавањето, од страна на професорот беше презентирана посовремена апаратура - биоимпендансен апарат Малтрон и L.I.F.E. SYSTEM - со која тој работи, а служи за одредување на бројни физиолошки параметри и нутрицискиот статус важни за здравјето на човекот како и особено практични за насочување на посериозните спортисти кон правилна исхрана и подобри резултати. 

28 Март 2016

За авторот