Ново искачување на Адам Ондра

„Vasil Vasil“, уште една насока со тежина 9b+ за Адам Ондра

На 4 декември 2013 фодина, 20-годишниот чешки спортски качувач Адам Ондра направи уште едно искачување на насока со тежина 9b+.

На 4 декември 2013 фодина, 20-годишниот чешки спортски качувач Адам Ондра направи редпоинт искачување на неговата трета насока со тежина 9b+, овојпат во неговата татковина. Тој направи прво слободно искачување на насоката „Vasil Vasil” во Sloup, варовнички качувачк локалитет во близина на Брно, неговиот роден град.

  • „Дефинитвно ова е мега линија” изјави Ондра. „болна, тешка, и на валкано место. Но таму е. Ја избушив прeд 5 години, и не можев да ја оставам неискачена.”

Ондра ја опишува „Vasil Vasil” како 7 m-ска „силна 8b” што оди во V14 болдер проблем, со едно движење кое е „барем 8b (V13)“

  • „Во основа, ова е насока од едно движење”, напиша Ондра. „Доста фрустрирачки процес, долги денови без напредок, но кога конечно се случи, на суперстуден ден, беше како ништо да не се случило.”

Името „Vasil Vasil” е игра од зборови за „La Dura Dura”, насоката во Шпанија која Ондра ја искачи во февруари.

  • „Обратно од „Dura Drua”на шпански е „Facil Facil”, и го направив да звучи чешки „Vasil Vasil“, што инаку значи машка маица без ракави. Тоа беше прелиминарно име, како што започнав да работам на неа во истиот период како и на „La Dura Dura” и изгледаше полесна. Имплементирањето на ново име сега би било вештачки и затоа не го сменив, иако не е многу поетско име, сигурно!”

Реднпоит искачувањето на 4 декември заокружи една неверојатна година на Ондра. По искачувањето на првата 9b+ во светот во Норшевка, Ондра го направи првото искачување на „La Dura Dura” во Шпанија минатата зима, па се врати во Норвешка овој август и качи уште 2 насоки со тежина 9а+ и две насоки со тежина 9b, вклучувајќи една која ја опиша као најтешката досега. Сè на сè, во 2013 година направи редпоинт искачувања на девет насоки со тежина поголема од 9а.

Ондра рече дека остатокот он декември ќе одмара од качување, а потоа ќе оди во Шпанија на две и пол недели по испитите кои ги има во јануари. Потоа тој планира „ригорозно да тренира за натпреварувачката сезона”.