УТМБ 2018 стартува за неколку часа – Македонија има петмина претставници

15-тото издание на трката Ултра Треил ду Мон Блан започнува денес, на 31.08.2018 во 18 часот по локално време со старт во Шамони. Оваа година, по подолга пауза, Македонија има петмина учесници. 

УТМБ претставува една од најголемите и најпознатите ултрамаратонски планински трки каде учество земаат преку 2400 тркачи од целиот свет, како и најелитните светски ултрамаратонци. 

Оваа година Македонија ќе биде претставена од петмина наши тркачи од клубот Трекс/ПСД Макпетрол кои сите учествуваат на трката од 171 километар и 10000 метри денивелација.

Подолу се наведени стартните бројки на нашите учесници кои ќе може да ги пребарате и следите на следниот линк https://utmb.livetrail.net/

Жикица Ивановски – 925
Игор Јовановски – 967
Александар Симјаноски – 1067
Игор Пирковски – 1678
Никола Цицоски – 2760

Трката стартува во 18 часот, а најавени се студени временски услови во текот на ноќта, каде на одредени места може да се очекува температура до -10 степени целзиусови. 

На официјалниот вебсајт, истотака, ќе може да следите пренос во живо од трката. https://utmbmontblanc.com/en/live/ 

Уживајте и бодрете ги нашите момци!!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија