„Уталаја Хималаја” – Албанката која се стреми кон остварување на Хималајската Круна – 14х8000

Ута Ибраими е првата жена Албанка која минатата година во пролетниот период успеа да го искачи Монт Еверест. Во истата година, таа успеа да се искачи и на Манаслу (8,163 мнв), а нејзиниот план е да ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8000 метри до 2023 година со што би влегла меѓу неколкуте жени кои го имаат комплетирано овој подвиг. 

Следни врвови во планот за 2018 година се Лоце и К2, а поради големите трошоци за експедициите, Ута и нејзиниот тим лансираа кампања насловена како „Уталаја Хималаја” за собирање на дел од трошоците.

Повеќе за проектите на Ута читајте на нејзиниот веб-сајт – www.utalaya.com 

Кампањата за собирање средства ќе ја најдете тука

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија