Успешно завршено пречење на Мон Блан од македонска екипа

Оваа среда, на 6.7.2016 година, во утринските часови мешана планинарска екипа водена од ПК Македон успешно се искачи на највисокиот врв на Алпите Мон Блан 4810 м.н.в.

Акцијата беше започната од италијанската страна на масивот каде екипата направи аклиматизационо искачување на врвот Брајтхорн (4165 м.н.в.) кој се наоѓа во близина на Матерхорн.

Оттаму следеше искачување од долината Вал вени до домот Гонела (3070 м.н.в), а на 6 јули на полноќ групата тргна во правец на бивакот Валот каде што се спојува со класичната француска рута.

Во утринските часови во одлични временски услови, осум члената група составена од Марија Смокварска, Александар Кирковски, Кирил Филиповски, Игор Делов, Дејан Тодевски, Игор Јовановски, Александар Миновски, Дејан Кировски, успешно се искачи на врвот.

Оттаму екипата се спушти по француската рута до Шамони.

Искачувањето е интересно по самиот избор на патека на движење која е далеку помалку фреквентна од класичната – француска, а со ова успешно се комплетираше предвиденото пречење на највисокиот врв на Алпите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија