Успешно прво издание на „Трчај во Крушево – Run in Krusevo”

Во склоп на второто издание на аутдор фестивалот When in Krusevо, овој викенд се одржа и трка во планинско трчање на падините на планината Бушева насловена како Run in Krusevo. 

Првото издание помина со скромен број на учесници, но со одлична атмосфера и дружба на стазата која минува низ некои од најпитомите и убави делови на планината Бушева, месноста Слива каде се одиграла една од најважните битки за во Илинденското Востание, манастирот Преображение, врвот Мусица и крушевските сокаци. 

Стартот на трката беше од крушевското езеро а финишот во чаршијата. Учество зедоа 30 натпреварувачи кои успешно ја завршија трката долга 24 километри, а најбрзи во машка (и истовремено во генерален пласман) беа Александар Симјаноски со време од 2:24:23, втор беше Илија Настески со 2:25:58, а трет заврши Методиј Најдовски со 2:27:19. 

Во женска конкуренција прва беше Брук Филиповски со 2:50:57, втора Сања Најдовски со 2:56:05, а трета Ивана Јовановска со 3:20:27. 

Сите резултати можете да ги најдете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија