Успешно петто издание на Струмина Треил во Штип

Викендов во околината на градот Штип се одржа петтото издание на трката Струмина Треил. 

Овој викенд врнежливите и студени услови не спречија повеќе од 130 луѓе да се впуштат во петтото издание на трката во планинско трчање во околината на Штип – Струмина Треил.

Трката како и претходните години започна со старт од пред средното медицинско училиште „Јане Сандански” во Штип, а оваа година и покрај вржените настапија рекорден број на учесници. Натпреварувачите трчаа на интересната патека која спојува неколку локални чешми кои во минатото, а и денеска имаат голема важност за тој дел близу градот. Меѓу нив се и Струмина и Љупчова чешма како и Курт Бунар. 

Победници во машка категорија се:

1. Александар Стојкоски – 1:24:09 (рекорд на патеката)

2. Александар Кирковски – 1:28:38

3. Никола Илиевски – 1:37:34

Најбрзи во женска категорија беа: 

1. Катерина Шиповиќ – 1:56:52

2. Сања Најдовски – 1:57:54

3. Марија Пеликон – 1:59:24 

Сите резултати може да ги најдете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија