Успешна симулациска вежба на ТСП

Во неделата во 11:00ч Тимот за спасување на планина доби повик за интервенција за помош на две лица од падините на планината Водно.

Во неделата во 11:00ч ТСП добија повик за интервенција, за спасување од карпа на две лица од кој едниот со сериозна повреда на ногата со обилно крварење а другото лице испаничено без повреда беа успешно лоцирани од страна на тимот. На повреденото лице со укажана медицинска помош, крварењето беше запрено, па со поставување на жичара и добрата координираност на тимот, двете лица од карпата беа успешно спуштени и транспортирани до амбуланта.

Овој повик беше дел од симулациската вежба заедно со Француска амбасада, каде ТСП со крајна сериозност, координираност и професионалност одговори на повикот кој го заврши успешно и двете лица беа спасени и се надвор од животна опасност.

ТСП беше високо оценет од страна на Французите за одлично одбработената задача, со што уште еднаш се докажа дека тимот е спремен за дејствување во секое време на секое место.

За повеќе информации околу ТСП посетете ја фб страната https://www.facebook.com/planinskospasitelnasluzba

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија