Според официјалните дописи од ИОК и Европските олимписки комитети

Успешна организација на конференцијата на ЕОК и ИОК (ОС) форумот

Во периодот 18-21 Мај, Македонскиот олимписки комитет (MOK) беше домаќин на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и на Европските олимписки комитети (EOK)… 

на собирот на кој се презентираа извештаите за зимските Олимписки игри ПјонгЧанг 2018, Младинските олимписки игри Буенос Аирес 2018, Европските игри Минск 2019, летните Олимписки игри Токио 2020, зимските Олимписки игри Пекинг 2022, а извештај беше поднесен и од страна на Светската Анти Допинг Агенција како и организаторите на зимскиот Европски младински олимписки фестивал Ерзурум 2017 и Летниот Европски младински олимписки фестивал Ѓер 2017.

МОК, со водечките луѓе на ИОК договорија многу нови проекти за македоснкиот спорт, посебно со Олимпискиот канал на ИОК, со кој е договорена многу поблиска соработка и користење на сите видео материјали на ИОК во однос на учеството на македонските спортисти на досегашните летни и зимски олимписки игри, но и креирање на нови стории за македонскиот спорт и македонските спортисти кои се наоѓаат во фаза на реализација на норма за учество на ОИ ПЈОНГЧАНГ 2018 и ТОКИО 2020.

Договорени се и нови соработки во однос на унапредување на спортскиот, стратешкиот и финансискиот менаџмент, спортската медицина и здравствената заштита на спортистите како и користењето на социјалните платформи на ИОК и дигиталната комуникација на ИОК, тема која всушност и имаше ударно место на оваа конференција.

На самиот почеток на оваа конференција, ЕОК додели ново признание на претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски. Овој настан во живо беше пренесуван на МОК ТВ и превземен од страна на Европскиот олимписки комитет и Олимписки канал на ИОК.