Усеин, пази леџа
Ако 12 годишното дете од Австралија продолжи во ваков стил (како што се покажа на своите 100 метри од штафетата) за некоја година дефинитивно ќе му дише во врат на најбрзиот човек на планетава.
Џејмс Галагер, 12 годишен австралиски атлетичар веќе го нарекуваат следниот Болт поради подвигот што го направи на атлетичарскиот шампионат на основните школи во Австралија.
Џејмс, кој потекнува од Уладула, Нов Јужен Велс ги истрча неговите 100 метри од штафетата со официјално време од 11,72 секунди што е побрзо од сите негови врсници во Австралија и САД, а доколку се натпреварувал на Олимписките игри во 1896 година ќе го освоел златниот медал.
Иако според многумина Џејмс е веќе прогласен како детето кое има најголем потенцијал да стане најдобриот спринтер на сите времиња, останува да видиме што ќе се случува со него бидејќи другата пасија на Џејмс е рагбито, а дузина скаути веќе се во трка за неговиот потпис.