Екологика

Наслов

Урбана револуција vol. 2

Во урбаните битки против загадениот воздух, како вистински револуционери излегуваат оние кои ќе создадат решение кое е толку едноставно што е чудно како досега не е направено. Спремни за електрично сурфање по градскиот асфалт?

Ако во Урбана револуција vol.1 -  ви го презентиравме копенхагенското тркало, со кое секој велосипед се претвора во електричен велосипед, овојпат се работи за најлесното возило на асфалтот.

Лонгборд, електричен, моќен и претерано едноставен за паркирање... Всушност нема потреба од паркирање.

Наменет е за луѓе кои не сакаат да загадуваат при градското патување, а во исто време да можат да сурфаат низ улиците на градот. Достигнува брзина до 30км на час и со полни батерии може да помине до 10 километри. 

Бустед Лонгбордс е компанијата создадена од тројца студенти на Стенфорд кои поминале повеќе години во макотрпна работа за да го создадат ова ремек дело, што на крајот одлично било прифатено. Толку одлично што собрале скоро пола милион долари при пуштање на кампања за собирање средства на Kикстартер.

Причината за успехот е едноставна, ги решаваат проблемите со навидум кратките градски патувања при кои со други превозни средства е потребно барање паркинзи, безбедносно заклучување, трошење пари за гориво или билети за превоз, чекање градски превоз или губење на драгоцено време доколку се пешачи подолга дистанца.

Сето тоа станува минато, а се заменува со сурфање низ асфалтните улици помогнато од моќните електрични мотори и безбедносните кочници кои ја враќаат енергијата во батериите. И да, воздухот во градот останува почист за дишење. 

Што друго може да се очекува кога науката им се замешува во животот на тројца скејтери и сурфери од Калифорнија...

04 Ноември 2014

За авторот