Наслов

The Underwater Project (галерија)

Додека северниот дел од планетава моментално се бафта со снег, лавини, замрзнатини и снежни слепила, некој таму на југот мора да сурфа. Епа и сурферите си имаат бројни проблеми при обавувањето на нивните дневни обврски особено кога ќе се најдат поклопени под семоќниот Посејдон, а за наша среќа на типчево му текнало сето тоа да го фати во дигитален формат.

Сериозно, сурферите па и најобичните пливачи кои се наоѓаат поклопени под огромни бранови се ставени на тешки маки кои понекогаш го доведуваат во прашање дури и нивниот опстанок. Фотографот Марк Типл бил воодушевен од целата таа уметност што ја приредува природата и суштествата кои не се метнати за подводен опстанок па решил да го склопи проектот Underwater кои опфаќа феноменални фотографии на луѓе грабнати под огромните енергии на ликвидната супстанца наречена вода.

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе за The Underwater Project тука

04 Јануари 2013

За авторот