Ултра газди ултра пес

Да не биде дека само човекот ги поместува границите на возможното, еве и еден пес кој без многу тренинзи и спремање учествувал и завршил една ултра-тешка авантуристичка тура.

Некаде на 30 километар од стартот на Светскиот шампионат во авантуристички трки (нешто слично, само во помал формат за првпат ќе се одржува и кај нас наредната година) кучето Артур налетува на тимот Пик Перформанс од Шведска. Еден од натпреварувачите му подава малку храна и Артур тргнува со нив на 700 километри долгата стаза.

Повеќедневната трка која се одржувала во прашумите на Еквадор е од исклучително тежок карактер каде што се потребни добра психо-физичка спрема, издржливост знаење од повеќе области, а набргу после повторното тргнување тимот сфатил дека кучето ги следи и на крајот дури и да финишира заедно со нив.

За време на трката тимот поминувал реки со помош на кајаци, а Артур постојано ги следел, дури и во овие услови. 

Петточлениот тим ја завршил трката пласирајќи се на 12 место. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија