Learn from Yesterday, live for today, hope for tomorrow

Ули-Тенџи Еверест-Лоце

Во неговиот најтазе алпинистички подвиг оваа пролет, Ули Штек заедно со Тенџи Шерпа ќе се обидат да го направат првото искачување на Еверест и Лоце во еден здив. За планот, предизвиците и опасностите, тренингот и препарациите и целиот подвиг погледнете во следното видео од „Швајцарската машина”. 

Планот е да се тргне од базен камп до 2 висински камп на 6400 м.н.в., оттаму да се фати никогаш досега повторената оригинална Хорнбајн рута (првпат искачена 1963 година од Томас Хорнбајн) која врви по западниот срт па преминува на северната страна во Хорнбајн кулоарот,  да се искачи Еверест, да се симне преку нормалната рута до Јужното Седло и оттаму да се искачи соседната 8000-илјадарка Лоце откаде директно би се спуштиле повторно во 2 висински камп. 

Сите елементи од планот на Ули и Тенџи досега се веќе исполнети како одделни елементи и искачувања, но никој не ни се обидел да размислува за поврзување на овие линии во едно искачување. 

Прочитајте нешто повеќе за проектот и следете ги новостите тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија