Сите 82 врва на алпите

Ули Штек ги искачи сите врвови во Алпите повисоки од 4000 метри

Како свој последен врв во проектот 82 врва на Алпите за помалку од 80 дена, Штек го искачи Бар дез’Екран (4102 m) на 11 август, 19 дена пред предвидениот краен рок.

Швајцарскиот алпинист Ули Штек ги искачи сите врвови во рамките на својот проект „82 Summits Challenge” во кој тој ги искачи сите 82 врва над 4000 m во Алпите за само 62 дена, без користење на моторизирани средства за транспорт во патување помеѓу планините т.е. тој користеше само одење, возење велосипед и параглајдинг. Во овој предизвик на Ули и неговите партнери, тие поминаа 1000 km со велосипед и 100000 m висинска разлика низ Швајцарија, Италија и Франција.

Започнувајќи го предизвикот заедно со германскиот алпинист Михаел Волебен, Ули бараше други партнери откако Михаел ја повреди ногата слетувајќи со параглајдер.

Еден од овие придружници на Ули во текот на искачувањето беше и Холанѓанецот Мартеин Сојрен кој загина паѓајќи го глечерска пукнатина на границата на Франција и Италија на 22 јули. Ули беше многу погоден од оваа трагедија, но сепак се одлучи да продолжи со својот проект, во спомен на Мартеин.

Како свој последен врв, Штек го искачи Бар дез’Екран (4102 m) на 11 август, 19 дена пред предвидениот краен рок. Како што и мислеше дека минатите 80 дена качување, пешачење, скијање, возење велосипед и летање со параглајдер не беа доволни, Ули направи загревање подолго од предвиденото со трииполчасовен приод откако залута во погрешна долина. За целиот проект тој потроши 61 ден (според некои извори 62 дена) активно движење од вкупно предвидените 80 дена.

Во 1993 година, беше објавен официјален список на 82 врвови повисоки од 4000 m н.в. од страна на UIAA. За жал, овој список излезе дури откако Британците Мартин Моран и Сајмон Џенкинс ја завршија првото потполно пречење на планините истата година, поминувајќи 74 врва за 52 дена.

Во 2006 година, словенечкиот алпинист Миха Валич искачи 82 за 102 дена во зимски услови, користејќи комбе за транспорт меѓу планините.

Италијанските алпинисти Диего Џованини и Франко Николони во 2006 година го направија првото немеханизирано верижно искачување (користејќи само човечка енергија за минување) на сите 82 алпски врва повисоки од 4000 m н.в. за само 60 дена. Иако идејата на Ули не беше да се сруши овој рекорд, тој испадна само еден ден пократок од подвигот на Диего и Франко.