Тука лежеле зајачиците

Зајачињата на Хју не вртеле само на тркало. Мотивационото видео почнува вака: „За секои 2 минути гламур, постојат 8 часа напорна работа.“ и да, „Секоја девојка има зајаче во себе“, али ај ние да ги погледнеме овие како вежбаат. BMI-то како Bunny Measurement Index, а не како боди мас.. е другиот дел од равенката.

Playboy Bunny Bootcamp се вика класот каде се обликуваат зајачиците, а самата комбинација на вежби, според Gymbox, теретаната која стои позади ова, вели дека е „инспирирана од самодовербата, здравјето и желбата за убав живот на Плејбој зајачиците кои ги полнат Плејбој клубовите веќе 50 години.“

45 минутниот високо интензивен час што се одржува во познатата лондонска теретана преку специјално создадени кореографски движења е сконцентриран на тонирање на задници, оформување на витки нозе како и за подобрување на фитнес нивото и силата. 

Другото дваесет од приказната е БМИ, не како Body Mass Index туку како Bunny Measurement Index кој што е создаден од една од зајачиците заедно со професорката по психологија, Dr Jane Ogden. 

Според него, главна улога игра умот над мерењата, и ја зема предвид самодовербата и личното презентирање, а не разните мерења.

  • „Bunny Measurement Index-от демонстрира дека психологијата и самодовербата се исто толку важни како и физичкиот изглед.“ вели Др. Огден.

Доколку девојките би сакале да се пријават на овој тренинг, треба да постигнат БМИ скор од над 97 проценти со што автоматски добиваат покана за кастинг со што може да влезат во Плејбој клубот. 

Бујрум девојки, тестот, и решавајте внимателно! 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија