Трудницата која победи на најтешкиот маратон

Традиционалниот маратон “Еверест”, кој воедно важи и за најтешката стаза во светот, го доби својот нов победник и тоа 44 годишната бремена жена.

 

На 29 мај се одржа 10тата едиција на трката, во комеморација на првото искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест од страна на Тензинг Норгеј Шерпа и Сер Едмонд Хилари на 29ти мај, 1953.

Анг Дами Шерпа е припадничка на народот Шерпас која учествуваше на маратонот во третиот месец од бременоста.

Таа ја заврши трката за 6 часа, 2 минути и 10 секунди со што дојде до својата втора победа по последниот триумф пред седум години.

Стартот на маратонот е базниот камп на Монт Еверест, на надморска височина од 5364 метри, а стазата долга 42,2 километри завршува на Базарот Намче, на висина од 3446 метри.

Иако сопругот и синот пробувале да ja предомислат, таа сепак не попуштила, особено откако докторот ја поддржил во подвигот.

После победата на маратонот, Анг Дами изјави дека наредна цел после породувањето и е да проба да го качи врвот Монт Еверест.

”Секој има право да си ги оствари соништата, а мојот сон е еден ден да стапнам на врвот Монт Еверест!” – изјави Шерпа.