Наслов

Тропските нации на Зимските Олимписки Игри

И прво на што ви текнува е на јамајканскиот тим во санкање кој беше прославен со филмот Cool Runnings прикажан во 1993 година. Епа Јамајка не била првата тропска држава која настапувала на ЗОИ. Мексиканците настапиле каде - каде порано од Јамајка и тоа исто така со тим во санкање.

Иако Мексико не може целосно да се нарече како тропска држава, бидејќи голем дел од државата географски е поставена над северниот торпчен појас (Tropic of Cancer) и има варијации во нејзината клима таа сепак се смета како првата тропска држава која настапила на ЗОИ и тоа во далечната 1928 година.

Мексиканците настапиле во конкуренција на санкање петтосед (на тие олимписки игри се одржало санкање само во оваа конкуренција) и игрите ги завршиле како единаесети од 23 држави кои настапиле. Мексико оттогаш не се појавиле на ЗОИ се до 1984 година.

Првата вистинска тропска нација која се натпреварувала на ЗОИ биле Филипините, кои пратиле двајца натпреварувачи во алпско скијање во 1972 година во Сапоро, Јапонија. Едниот скијач завршил како 42ри во веле - слалом, а другиот не успеал да ги заврши игрите.

Коста Рика е втората вистински тропска држава која се пројавила на ЗОИ 1980 година во државата Њу Јорк. Артуро Кинч се натпреварувал за Коста Рика исто така во алпските дисциплини.

Тек на ЗОИ 1988 година во Калгари, Канада, настапува славниот јамајкански тим во санкање, но истотака во таа година настапиле бројни други тропски нации. Порто Рико, Фиџи, Коста Рика, Гватемала, Гуам и Филипините биле дел на овие игри, но Јамајка го доби целото внимание и фама поради филмот кој мора да признаеме дека беше дел од секој од нас.

Сепак јамајканскиот санкачки тим на тие ОИ биле фаворити за публиката (поради фактот што се санкачи од Јамајка) иако не успеваат да ги завршат игрите (го имате гледано филмот нели!), но во 1994тата година повторно се појавуваат на ОИ и таму успеваат да се пласираат во првите 14 екипи пред САД и Русија.

До 2010 година пак, само една тропска држава имала претставник на зимските Параолимписки игри, а тоа би Тофири Кибука од Уганда кој се натпреварувал во крос-кантри скијање во 1976 и 1980 година.

14 Декември 2012

За авторот