Крива Паланка – розева и хумана

На 04.10.2015 (Недела) во Крива Паланка се случуваше нешто “розево”, спортско и хумано.

Традиционално, втора година по ред беше одржана Розевата трка или Pink Run организирана од Pink Support, чиј спонзор беше Dibiaggio New York.

Трката имаше хумана мисија, овојпат за Јоце Блажевски, кој треба да замине на последниот третман со матични клетки во Москва. Трката беше на 3 и 5 км а со секое купено бројче од симболични 100ден. Се трчаше и се донираше за Јоце. На трката беше присутен и Јоце со своето семејство, кој исто така застана на стартот и заедно со својот другар Смилков (буткајќи ја неговата количка) и сестра му Тања, истрчаа некој километар во знак на благодарност за целата поддршка. Загревањето пред трката го водеше Елена Бубало, а за забавата после трката,Тања ЕСБ ги забавуваше за прв пат во Крива Паланка со ЗУМБА ритам.

Настанот го водеше Тина Таутовиќ и директно беше пренесен на Урбан ФМ радио. Секако тука беа и велосипедистите од Macedonian Bike Riders кои неуморно возеа рута од 100км Скопје-Паланка-Скопје со цел да дојдат да донираат за Јоце и да ја дадат својата поддршка. Настанот беше супер спортски, енергичен, хуман, голем број хумани и срдечни луѓе на едно место,пред Општината во Паланка. Благодарност на сите кои придонесоа за овој убав” розев” настан, а пред се хуман за Јоце. Сите заедно собраа 300 евра за лекувањето на Јоце во Москва.

Сеуште можете да донирате за Јоце со еден повик на Вип и Т-Мобиле за неговото последно лекување во Москва во Ноември.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија