Тритон тим длабоко во Врело

Пештерата Врело во кањонот Матка е втора најдлабока подводна пештера во Европа. Сепак, останува прашање дали длабочината од 240 метри е и конечната длабочина на пештерата или таа е многу подлабока.

Откако во 2010 година италијанскиот спелео нуркач Луиџи Казати се спушти до длабочина од 212 метри, Врело не престана да биде мета на спелео нуркачи од целиот свет кои доаѓаат на Матка во обид да откријат колку длабоко “оди” Врело. Во 2017 година полскиот нуркач Кшиштоф Старнавски се нурна до длабочина од 240 метри а по нуркањето изјави дека во пештерата има и други простории и дека таа е уште подлабока. Идеално место за љуботели на нуркањето и авантурите.

Едни од нив се и Triton Expedition Team од Србија. Клубот за нуркање Тритон е оформен во 1998 година и важи за најголем клуб и тренинг центар во регионот. Годинава тие беа едни од нуркачките тимови кои истражуваа и уживаа во подводните убавини на Матка и Врело. Ова е нивното видео. Уживајте…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија