Три лица со оштетен вид во придружба го искачија врвот Водно

Овој викенд, три лица со оштетен вид во придружба на тројца планинари се искачија до врвот на Водно. Секој врв е предизвик, но надминувањето на личните предизвици го комплетира успехот.

По обуката за придружба на лица со оштетен вид на планина која се одржа во март оваа година, викендов имавме и успешно искачување на лица со оштетен вод до врвот Водно.

Активностите се дел од кампањата “Осети природа” која ја спроведува Здружението НАТУРА МК Скопје. Кампањата “Осети природа” – иницијатива за луѓе со оштетен вид е дел од Проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција”, финансиран од Европската Унија во кој партнери се Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија