Трето место за Мери Мирческа на трката Загори во Грција

Изминатиот викенд, одличните прилепски планински тркачи Мери Мирческа и Александар Стојкоски учествуваа на една од повеќето трки на планината Пинд, северна Грција и остварија одлични резултати. 

Двајцата наши натпреварувачи настапуваа на планинскиот маратон долг 44 километри со 2600 метри висинско искачување каде Мирческа заврши со висок пласман на третата позиција во женска конкуренција со време од 6:33, само две минути зад второ пласираната Крисула Цима и пет минути зад првопласираната Евгенија Булмети. 

Ова претставува едно од низата одлични резултати на Мирческа оваа сезона во планинско трчање по различни натпреварувања пред се на Балканот. Пред неколку недели таа заврши на првотоместо на Вучко Треил во Босна и Херцеговина. 

Александар Стојкоски, пак, кој учествуваше на истата трка во Загори заврши на одличната десета позиција во генерален пласман со оглед на екстремно силната конкуренција на трката. Тој ја заврши трката со време од 5:41, само две минути позади осмопласираниот Мамут Јавуз кој беше победник на 65километри долгата трка на Крали Марко Треилс во Прилеп во 2014 година. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија