ТРЕКС од Македонија во древната Кападокија

Овој викенд во централна Турција се одржа Кападокија УлтраТреил исклучително интересен ултра-маратон на кои учествуваа неколку наши натпреварувачи, а имавме и еден првопласиран.

Кападокија е регион во централна Турција кој е познат по големото историско богатство на древни цивилизации кои живееле и го оставиле својот белег, но и по природните реткости и убавини кои може да се најдат особено во околината на малите населени места Ѓореме, Учисар, Ургуп кои воедно спаѓаат во заштитена зона поради нивната уникатност.

Овој викенд токму во тој регион, низ бројните преубави долини и висорамнини на Анатолиското плато се одржа ултра-маратонот Кападокија УлтраТреил на кои учествуваа голем број на натпреварувачи меѓукои и деветмина тркачи од TREX.

Трката понуди три опции за сечија можност и вкус со старт и финиш во Ургуп. На 30 километри нашиот тркач Марјан Боневво блиц финиш успеа да го претрка второпласираниот и да заврши на првото место на подиумот со време од 3:13.

Истотака, на трката од 110 километри Јовица Јованчев и Жикица Ивановски остварија одличен резултат со пласман на 15 и 16 место во генерална конкуренција.

Остатокот од екипата – Светлана Стојаноска, Игор Пирковски, Михаил Стефанов и Игор Јовановски на 110 километри, Софија Панковска на 30К и Трајче Панковски на 60К финишираа успешно.

Автор

TREX

Скопје

Македонија