Трчаме и донираме за Гоце Марковски!

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ГОЦЕ ДА ГО ИСТРЧА СВОЈОТ ЖИВОТЕН МАРАТОН!

Битолчанецот Гоце Марковски (роден декември 2003 година) беше опериран
од тумор на мозок во почетокот на декемвриминатата година. После интервенцијата, замина на неопходно пост-оперативно лекување во Германија во Универзитетската Клиника во Хале.

Сепак, лекувањето ќе мора да продолжи и фамилијата има потреба од помош која  e неопходна за покривање на ситетрошоци во износ од 50.000 евра.

Заради сериозноста на ситуацијата и патувањето кое на Гоце повторно му претстои во Германија во јули оваа година, кон акцијата за собирање на средства се приклучи и Славица Дамјанска. Славица (која минатата година за прв пат го истрча маратонот на скопските улици) на овогодинешниот Скопски маратон ќе трча во име на Гоце со цел да се покрене иницијатива за собирање на паричните средства во најкраток можен рок. Поттикната од идејата да му помогне на ова младо момче, кој е успешен спортист со врвни резултати во пливање на државно и меѓународно ниво, рекреативно се занимава со трчање, одлично свири на клавир и зборува неколку светски јазици, упатува апел кон сите: “Ве молам да ме поддржите во мојата цел да го истрчам Скопски маратон во име на Гоце! Донирајте онолку средства колку што Ви дозволуваат можностите и заедно да му помогнеме на Гоце да го истрча својот животен маратон! Имав чест лично да се запознаам со Гоце и ме воодушеви со својата скромност, добродушност, а пред се оптимизмот и вербате во себе со изјавата “Ќе издржам јас!” 

На претстојниот Скопски маратон на 7 мај (недела) ќе трчам под реден број 131. Посакувам на еден од следните Скопски маратони да трчам рамо до рамо со Гоце! За ова ми е потребна Ваша помош. Бидете хумани и донирајте!

На стартот/целта на Скопски маратон, во близина на Порта Македонија, ќе биде поставен штанд за донирање на средства, како и хуманитарна продажба на различни предмети, како што се уметнички слики, книги, рачни изработки и слично. Неговите соученици од Битола ќе бидат исто така присутни на манифестацијата да и дадат подршка на Славица и да помогнат во собирање на хуманитарни средства за Гоце.

Ве молиме споделете ја информацијата и во зависност од Вашитеможности, Ве молиме да донирате средства на следните сметки: 
–    Денарска
 Гоце Марковски – Битола
 ж-ро сметка 530500020219122 при Охридска банка 
–    Девизна
 IBAN: МК075 3028 0005214009
 SWIFT: OHRDMK22

Донациски број за корисниците на Телеком 070 143-122
Донациски број за корисниците на Оне.ВИП 143-487

Можете да донирате и преку следниот линк: Click here to support Help me to help Goce Markovski beat Glioblastoma

Ви се заблагодаруваме на хуманоста,
Славица Дамјанска