Трасирана нова планинска трансверзала – Папрадиште – Горна Белица

Овој викенд, волонтери од еколошкото друштво „Грин Пауер” и планинарското друштво „Папрадиште” успешно трасираа нова 25-километарска планинска трансеврзала од селото Папрадиште, Општина Чашка до селото Горна Белица, Општина Македонски Брод. 

Ново трасираната трансверзала е долга 25 километри со 1100 метри висинска разлика и ги поврзува живописните региони на планината Даутица со старт од селото Папрадиште (1000 м.н.в) и финиш во селото Горна Белица во Македонски Брод (600 м.н.в.) минувајќи низ највисоката точка на 2100 м.н.в под Даутица. Просечното време потребно за минување на истата е приближно 9 часа. 

Во акцијата за трасирање учествуваа неколку волонтери од ЕГ Грин Пауер и ПД Папрадиште – Новко Ѓорѓиевски, Емил Смилев, Дејан Николовски, Игор Жантевски, Гоце Церски и Игор Смилев кои изјавија дека напролет следи дефинитивното маркирање и бележење на патеката како и нејзината официјална промоција. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија