Трајче Михов постави нов државен рекорд во 24-часовно ултрамаратонско трчање во Атина

Нашиот атлетичар од Велес, Трајче Михов, овој викенд успеа да заврши на втората позиција во генералниот пласман на трката во Атина и со ова да го подобри своето време и да постави нов државен рекорд на 24-часовните ултрамаратонски стази. 

Настанот на кој учествуваше нашиот натпреварувач Трајче Михов беше 13-тиот ултрамаратонски фестивал кој се одржува во Атина, Грција. Михов беше дел од 60 натпреварувачи каде за 24 часа успеа да истрча 230 километри и да го освои второто место во генералниот пласман, веднаш позади Србинот Саша Гачиќ кој успеа да направи два круга повеќе – со 232 км. 

Ова претставува и нов државен рекорд по подобрување на рекордот кој беше во негова сопственост во должина од 225км поставен во Торино – 2015 година. 

Целосните резултати од настанот можете да ги најдете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија