Планинарско Спортско Друштво „Козјак“ - Прилеп

Традиционално 18-то Искачување на Козјак

Планинарското Друштво „Козјак“ од Прилеп по 18 ти пат го организираше традиционалното искачување на врвот Козјак.

-Нешто за друштвото

Планинарско Спортско Друштво „Козјак“ важи за едно од постарите друштва во Македонија, формирано е во 1938 година. На самиот почеток друштвото брои доста членови. Според старите зачувани записи најголема достигната бројка е околу 600 членови. Доста е активно во планинарството во времето на СФРЈ каде што учествува на скоро сите манифестации, маршови, искачувања , предавања који ги одржува Планинарскиот сојуз на Југославија и Планинарскиот сојуз на Македонија.

 

Друштвото во свое време управува и свој планинарски дом „Дервен“ на планината Бабуна (над стариот пад Прилеп – Велес , одалечен околу 20км од Прилеп ) кој во 1996 година изгоре до темел. Од 2013 година друштвото е во преговори со општина Прилеп за возобновување на домот и ставање во функција. Во овој момент друштвото не брои многу членови. Планинарството во Прилеп полека згаснува поради помал број на нови млади планинари.

Традиционалниот марш за искачување на врвот Козјак  за првпат е одржан 1996 година. Се одржува првата недела од јуни . Оваа година на 1ви јуни на маршот земаа учество околу 80 планинари од различни планинарски клубови од Македонија и соседна Бугарија. Стартот на маршот беше од с. Оревоец – с. Крстец – врв Козјак – чешма Студенец- с. Оревоец каде организаторот имаше обезбедено планинарско гравче за секој учесник. Овој марш има претпено доста промени во неговата релација.

Врвот Козјак (1747 м.н.в)  е највисокиот врв на планината Бабуна. Козјак е оддалечен од Прилеп околу 15 км и најдобро е да се тргне од с. Ореовец. До селото се стигнува кога се оди кон патот од Прилеп за Велес-Градско, се врти лево за селото. Или доаѓајќи од тој правец Велес-Градско кон Прилеп, се оди директно таму на местото каде има патоказ за с. Ореовец (930 мнв).

Тргнувањето е од селото, поточно од манастирот. Потребно е вкупно околу 3,5 часа за да се стигне до врвот Козјак. Почетно се оди кон селото Крстец (960 мнв) по долината на реката Пештерица (или Ореовечка река, која се влива во вештачкото Прилепско езеро). По овој дел дел на патеката низ селото и по долината на реката глетката е многу живописна. Има повеќе селски извори со чиста вода за пиење. Некаде на средина на овој дел од патот на 10-15 метри над патот се наоѓа пештерата Рамниште, нема пештерски украси – сталактити, сталагмити, не е доволно испитана, има два влеза: понорен кој е поризичен и хоризонтален. Висока е 15 метри.

Од селото Крстец (по добро маркирана патека во цела должина до врвот Козјак и понатаму до с. Ореовец) се оди прво кон врвот Белото (или Кладенец, 1475 мнв) во правец исток. Понатаму од Белото се скршнува кон југ и правецот на движење веќе се исправа кон самиот врв, патеката оди угорно. Во овој предел се наоѓа друга пештера наречена „Духова пештера”. Месното население ја посетува на Духовден, се верува дека има исцелително значење. Пред самиот врв Козјак теренот малку пострмен, но сепак не е посебно тежок и секој би можел да го помине. Потребна е само малку кондиција. Врвот е означен со стаклена топка.

Симнувањето од врвот Козјак не мора да биде по истиот пат. Може прво да се оди по сртот кон Мал Козјак. По симнување од околу 500 метри, по левата (јужната) страна по стрмнината надолу, може да се дојде до таканареченаата „Солунска пештера”, која го добила името по тоа што се верува дека ако се истури внатре боја истата ќе се појави во Солун, или ако се викне ехото ќе излезе исто во Солун. До нив е малку потешко да се дојде, но е возможно. Потребно е да се се внимава заради стрмнината. После Мал Козјак се продолжува надолу во правец на превојот Плетвар, до кој зависно од темпото се стигнува за 2,5 часа.

Одејќи кон Плетвар првин се пристигнува на раскрсница каде има две чешми: Плетварски Студенец 1 и 2. На овие две места ако поминете во пролет или лето ќе го почувствувате рајот! Невидена убавина, зеленило, сенки и студена вода! Но има своја убавина и во другите годишни времиња. Од тука ако се продолжи право се стигнува до селото Плетвар и понатаму патот за Велес и Скопје. Може и да се оди во десно се до почетната точка с. Ореовец.