Топката со која ќе се игра финалето на Лига на Шампиони 2013

Адидас ја претставија официјалната топка со која ќе се игра овогодинашното УЕФА Лига на Шампиони финале на 25ти мај на Вембли.

Топката Адидас Вембли Финале е карактеристично дизајнирана во чест на 50 годишната историја во која бројни маестрални фудбалски финалиња на Европскиот куп и Лигата на Шампионите беа изиграни во „куќата на фудбалот”, Вембли.

Бројни славни финалиња беа изиграни на овој стадион. Од првиот финален дуел на Вембли во 1963 кога Милан ги победија Бенфика со 2-1, славните Манчестер Јунајтед во 1968, Ајакс 1971, Ливерпул во 1978, и Барса во 1992 и 2011, па затоа Адидас сакаа да направат нешто специјално за ова посебно фудбалско место.

Топката ќе биде со карактеристичниот Лига на Шампиони ѕвездест панел кои со години наназад ги красеше топките за големите натпреварувања, само што овој пат во ѕвездите ќе бидат присутни годината на првото Вембли финале, 1963 и нормално на овогодинашното.

Топката за прв пат ќе биде играна во нок-аут фазата од Лигата на Шампионите оваа година која стартува на 12 февруари оваа година.

Во продолжение…