Томица со одлично 6то место на Арнолд Класик

Томица Милушевски денеска (25.09.15) го освои високото 6то место на престижниот натпревар Арнолд Класик кој се одржува во Мадрид, Шпанија.

Томица се натпреваруваше во категоријата ФИЗИК во конкуренција од 24 наптреварувачи и по влезот во финалната група го освои за Македонија високото 6то место, имајќи ја во предвид престижноста и конкуренцијата на натпреварувањето, ова е значаен успех за нашиот боди билдинг и фитнес спорт.

На сцената утре ќе се појави нашиот втор преставник Марија Нацева која ќе се натпреварува во категоријата БИКИНИ. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија