Наслов

Точакот е официјално повеќе популарен од автомобилот (во Европа)

Продажбата на велосипеди скоро комплетно ја надмина продажбата на автомобили низ цел континент. Може географски и ние сме дел од неа, ама цел живот пекаме за тоа кога ќе влеземе „во Европа“, па затоа кај нас веројатно (немаме резултати, ама читај сигурно) сè уште кола си е кола, бе братче.

Тука не станува збор само за добро познатите држави кои веќе имаат високo установена „вело“ култура како Холандија, Данска и другите северни држави, туку и за сите останати. Во најголемиот дел од европските држави, граѓаните сè се повеќе заинтересирани за купување на велосипеди отколку коли. 

Според анализата објавена од npr.org, бројките од 27 земји членки на Европската Унија покажаа дека продажбата на точакот е поголема од продажбата на нови автомобили во секоја од државите, освен во Белгија и Луксембург. 

Како добри примери може да се истакнат Литванија која минатата година има продадено 10 пати повеќе велосипеди од автомобили, нашиот јужен сосед има продадено пет пати повеќе исто како и Романија и Словенија, додека во Унгарија бројката е за четири пати поголема.

Во поголемите држави, како на пример Италија, за прв пат точакот е попродаван од автомобилите од Втората светска војна, а истите шаблони се забележани дури и во Шпанија, Франција, Британија и Германија. 

Иако за нас нема резултати во оваа анализа, ние, уште пред некое време успеавме да извлечеме некоја бројка за тоа како нашата земја има добра „подлога“ за возење велосипед поради огромниот број на сончеви денови споредено со Холандија. 

Воедно, нашиот тим беше и да ѕирне како велосипедот е рецептот за здравјето на една нација, и беше присутен на неколку домашни точкарски иницијативи.

                        

29 Октомври 2013

За авторот