Тинејџерката и морето

Си се родил на брод, на 13 имаш неверојатна желба да ја направиш првата соло навигација околу целава планета, тато те поддржува, судот не успева да ве спречи тебе и тато, доаѓа една тетка со камера, и ти ја дава камерата да снимаш и тргаш на крстарење.

Од прилика вака некако на кратко одеше приказната за најмладиот морепловец која на своите 14 години изрази желба да ја направи првата циркумнавигација на целава планета, тотално сама. 

Лаура Декер е Холанѓанка која била родена на брод некаде кај Нов Зеланд и нејзините први 5 години ги поминува на море. До нејзината 13 година таа осознава и учи огромен дел од работите за морепловството, бидејќи постојано е покрај нејзиниот татко.

Кога пубертетот почнува да го оформува карактерот на малото и слатко девојче, таа изјавува дека сака да исплови на соло патување околу целиот свет заедно со бротчето Гупи. Веста брзо  се шири по медиумите и допира до режисерката Џулијан Шлесингер која има идеја да извлече документарец од целата ситуација.

Лаура и нејзиниот татко имаат 10 месечна битка со судот кој сака да ги оддели бидејќи смета дека патувањето е несигурно за малото девојче, но тие успеваат да добијат дозвола и во август, 2010 таа испловува од холандското крајбрежје.

Најмладиот морепловец на светот беше 17 месеци целосно сама на отворено море и успеа да го заврши патувањето во јануари 2012. 

Maidentrip е скоро искочениот документарец на Шлесингер во кој се опишуваат настаните од патувањето на Лаура. Премиерата му беше на SXSW овој март каде ја доби наградата од публиката.