Комерцијален текст

Тимот Скај го најави Униор како официјален партнер за велосипедски алат

Униор алатите за велосипеди сега се официјални партнери на четирите водечки UCI World Tour екипи: Etixx – Quick-Step Cycling Team, Movistar Team, Team Sky и Trek-Segafredo.

Механичарите од овие тимови не само што се потпираат на квалитетот и прецизноста на Униор алатките, туку сакаат да ги споделат своите искуства и знаење во развојот на нови и подобрени производи.

Тимот Скај стана најновиот партнер на Униор, познатиот Словенечки производител на високо квалитетен рачен алат. Тие почнаа да користат Униор алати на почетокот од сезоната, а со тоа се приклучија на веќе импресивната листа на велосипедски тимови во друмски и планински велосипедизам кои користат Униор алатки за велосипеди. Веќе е познато дека Тимот Скај посветува многу внимание на деталите, така што веќе дадоа многу корисни информации за подобрување на производите на Униор тимот за истражување и развој.

Некои од новите Униор алатки и прибор ќе бидат во употреба за тестирање и понатамошно подобрување до следниот Гранд Тур.

Тимот Скај (Team Sky) им се приклучува на Etixx-Quick Step, Movistar и Trek – Segafredo во користењете на Униор алати за велосипеди. Сите овие тимови се познати по својот уникатен карактер, но и дека сите бараат совршенство кога станува збор за опрема и поддршка.

Раководителот за технички операции на Тимот Скај, Карстен Јепесен, изјави: “Ние сме многу возбудени што работиме со Униор. Нивниот стремеж кон постојано подобрување, иновација и остро око за детали ни одговара, како и спектарот на алатки достапни за нас. Повратните информации од нашите механичари, исто така се навистина позитивни. Ние ќе работиме на унапредување со Униор за да ни ги обезбедат најдобрите алатки во бизнисот.”