Тимот кој ги урива сите бариери

Инспирацијата доаѓа од упорноста и доследноста да се направи и она што навидум изгледа невозможно. Некои луѓе едноставно, и покрај тоа што се родени без сите предуслови за нормален живот, успеваат да го надминат својот хендикеп и да ги остварат своите соништа, а притоа да станат и инспирација за целиот свет.

Тимот Хојт е резултат на една татковска посветеност и неизмерна љубов помеѓу 73 годишниот татко и 51 годишниот син кои долги години ја подхрануваат взаемната среќа со тоа меѓусебно се мотивираат за сè поголеми предизвици како трчањето на престижни маратони и на триатлони.

По раѓањето на Рик во 1962 година, докторите им објасниле на родителите Дик и Џуди дека поради недостаток на кислород во неговиот мозок за време на раѓањето, Рик има церебрална парализа и ги советувале да го пратат во институција бидејќи немало многу шанси за тој да живее нормален живот.

 

Тоа не ги обесхрабрило Рик и Џуди кои не само што не се откажале од својот син, туку секојдневно се бореле да му овозможат најнормален живот. Тие навистина напорно работеле на неговиот напредок, но сиот труд не бил за џабе.

Така Рик успеал да оди во нормално училиште на 13 години, бидејќи во меѓувреме му бил изработен специјализиран компјутер за комуникација, а подоцна се здобил и со факултетска диплома за специјална едукација на Универзитетот во Бостон.

Тимот Хојт е оформен многу спонтано, кога во 1977 година Рик посакал да учествува на добротворен маратон од 5 километри организиран за Лакрос играч кој останал парализиран по една несреќа. Тој само му кажал на својот татко, ”Тато, кога трчаме се чувствувам како да не сум хендикепиран.”

Оттогаш почнува нивната приказна во која имаат над 1000 истрчани трки, маратони, дуатлони, триатлони (6 од нив се Ironman натпревари). Покрај официјалните натпревари, Рик и неговиот татко Дик, направија тура низ САД со трчање и велосипед, минувајќи околу 6000 километри за 45 дена.

 

Кога учествуваат на триатлон, Дик го влече Рик со чамец на кој е закачено банџи јаже кое е закачено на неговиот појас. Кога возат велосипед, Рик седи напред во специјализираниот велосипед со две седишта додека Дик го вози. Кога трчаат, Дик бутка специјално изработена количка.

Интересен и трогателен момент е кога го прашуваат Рик кога би можел да му даде нешто на својот татко, што би било тоа? А тоа одговара, ”Би сакал барем еднаш мојот татко да се одмори во количката, а јас него да го буткам.”

 

Бостонскиот маратон во 2009 година беше и нивниот јубилеј, нивната 1000дита трка. Тој момент претставува најголемо задоволство за Рик, бидејќи неговиот најомилен маратон е токму тој. Дик се надева дека ќе може да го турка својот син уште многу години, бидејќи и двајцата сеуште не размислуваат за пензионирање. Доказ за нивната посветеност е тоа што тие сеуште се активни, а на овогодишниот Бостонски маратон 2013  тие беа половина километар пред финишот кога се случи страшната несреќа, бомбардирањето при кое неколку лица го изгубија животот.

Наградите, завршените трки и нивните најдобри времиња можете да ги погледнете на официјалниот сајт.

Покрај пасијата кон трките, тие ја користат својата слава за да формираат фондација Хојт во 1989 година, која е непрофитна организација со мисија да помага во градење на карактерот, самопочитта и самодовербата на младите луѓе со хендикеп, како и нивно вклучување во сите области од секојдневниот живот, поготово во спортот.

Обавезно погледнете го и видеото…

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија