Наслов

Тест возење во Мариово

За поубаво да си видите што фантазија ќе возите, трчате или планинарите во мариовско овој викенд, заедно со расположените дечки од организација ви објавуваме мало загревање за она што нè чека т.е. кратко тест возење на теренот. 

Изминативе викенди организацијата на Мариово Офф-роуд 2014 активно работеше на средување и маркирање на теренот каде што ќе се постави самиот камп како и на патеките низ кои ќе се вози, трча и планинари. 

Претходниов викенд финишираа сите поголеми подготовки за настанот, односно заврши маркирањето и проверката на МТБ рутите кои минуваат низ повеќе села во регионот.

Извршено беше и тест возење (кратко прикажано погоре) каде што беа пуштени двајца новодојденци кои ја возеа рутата до селото Зовиќ (мтб 1)  за да се оцени дали тие можат лесно и брзо да се снајдат со следењето на маркациите на патеката т.е. да се види дали е коректно извршено нејзиното трасирање.

Повеќе за самиот настан можете да прочитате ТУКА, а ако ова ве натера позитивно да одговорите на повикот на дивината, тогаш редно е да побрзате со пријавување..

28 Мај 2014

За авторот