Наслов

Технички детали за „Бразука“

Ако мислите дека секои наредни четири години големите производители на фудбалската есенција прават само шминкање на претходните урнеци за топки тогаш грешите. За наредново светско, изборот падна на „Бразука“ изработена од Адидас, па да видиме некои од техничките детали. 

Фудбалската топка која беше избрана за Светското првенство 2010, Јабулани на Адидас ја следеа доста контроверзи поради нејзината лоша аеродинамика која ја порврди дури и НАСА.

Сепак, Адидас вели дека топката која беше избрана за наредното првенство во Бразил, Бразука, нема да ги има истите проблеми, и напротив, последните тестирање покажаа дека таа е всушност „најокруглата“ топка која што досега била произведена.

Изградена е од четири идентични шаблони кои перфектно се вклопуваат и и го даваат супериорниот дизајн, стабилноста и аеродинамичноста. За споредба, Јабулани топката беше направена од осум делови кои не беа идентични меѓу себе, а класичната „бубамара“ има 32 парчиња. 


Бразука е детално тестирана и ги целосно ги исполнува стандардите за официјална топка според ФИФА. 

11 Декември 2013

За авторот