УНИВЕРЗАЛЦИ СО ВИСОКИ АМБИЦИИ ЗА ПРВАТА ЛИГА

Цубалевски: Трофејот од првата лига во бокс е наш!

На 4 Мај започнува ПРВАТА ЛИГА ВО БОКС во нашата земја. Првото коло ќе се одржи во Куманово каде екипата на Боксерскиот Клуб „Универзалци” од Скопје предводена од искусниот AIBA тренер Васко Цубалевски ќе атакува со сите сили во ПРВАТА ЛИГА ВО БОКС.  

Цубалевски на располагање ќе ги има капитенот на екипата, државниот првак и непобедливиот боксер во минатогодишната прва лига Борјан Јаноски, повеќекратниот државен првак Марко Стојаноски, државниот првак Филип Зивосовски, Никифор Стојаноски, Сухамед Мемедов, Димитар Огненоски, Филип Трајковски, Кристијан Трифуновски, Харитон Николовски како и интернационалците кои секогаш одговараат на повикот на клубот: германските браќа Илхан и Ајхан Озмен кои се и репрезентативци на нашата земја, како и Американецот Давуд Реџиќ кој е моментално на припреми во САД.

Стручниот табор на Универзалци кој е предводен од AIBA Васко Цубалевски и помошник тренерот Гаврил Огњановски најавуваат систематска и стручна работа, а голема посветеност на методиката и тактиката врз боксерите за понатамошните успеси !!!