Наслов

Таа со ваква шнола, е таа да си ја чуваш...

Лето, кампинг. Додека чепкаш нешто околу шаторот и сваќаш дека ти фали некој основен алат доаѓа комшиката, го гледа твојот пропуст и ти вади осмица клуч од коса. Ма остај осмица, него и мал и голем шрафцигер, мини Филипс шрафцигер, мало лењирче и сечило за јаженце во една алатка. Е со таа да флерташ бе, и да си ја чуваш после..

Сме виделе милион онакви изуми на принципот „швајцарско ноже", ама поминималистички од седум-осум алатки во женска шнола за коса немаме.

Сè на сè шнолкава може да се искористи како шрафцигерче за разни шрафчиња, сечило за јаженце, клуч за мутер, држач за свеќички, лупалче за моркови, портокали и што и да ви текне друго.

Одлична мала и евтина алатка која што сигурно ќе ви се најде за некои ситни работи кои многу често се и најфрустрирачки. Пример шрафчето на наочарите или слично..

Повеќенаменската шнолка се вика Leatherdos и чини 6 евра.

31 Јули 2014

За авторот