Светскиот Маратонски Предизвик и неговиот нов рекордер

Како ви зучи трчање на еден маратон дневно во текот на седум последователни денови на седум различни континенти? Ај што Маратонскиот светски предизвик измислен од Ричард Донован стекнува се поголема популарност, но и оваа година беше поставен екстремно силен просек од страна на американскиот маратонец Мајкл Вардиан кој постави нов рекорд на предизвикот.  

Светскиот Маратонски Предизвик е зачнат и менаџиран од ирскиот ултрамаратонец Ричард Донаван, познат авантурист кој има завршено повеќе големи и брутални трки низ светот, а моментално директор на повеќе светски ултра-трки и шампионати. Во 2009 година за прв пат самиот успева да го комплетира предизвикот работејќи во авиокомпанија, а во 2012 тој успева повторно да го изведе со што поставува ново најдобро целокупно време од 4 дена, 22 часа и 3 минути. 

Во 2015 тој решава да го организира првиот официјален предизвик на трчање 7 маратони за 7 дена на 7-те различни континенти каде што се регистрираат 10 тркачи, а во 2016 дури 15 успеваат да го комплетираат. Оваа година, предизвикот виде 32 пријавени од кои 31 успешно го завршија 7 дневното чартер патување пропратено со комплетирање на маратонски дистанци на различни егзотични места низ светот. 

Со старт на 23 јануари на студениот Антартик, учесниците имаа можност да пропатуваат до Аргентина, Мајами, Дубаи, Мароко, Мадрид и Сиднеј и секаде да комплетираат по една маратонска делница со што влегуваат во тесната група на луѓе кои успеваат да го направат овој подвиг. 

Оваа година предизвикот не само што наиде на најголема бројност на учесници, но и екстремно брзо трчање од страна на Американецот Мајкл Вардиан. Тој успеа да го постави новото најдобро просечно време на предизвикот трчајќи неверојатни 2:45:56 по маратон, совладувајќи го претходниот рекорд поставен од Ден Картига со време од 3:32:25. 

Вардиан е позната маратонска фаца од САД кој моментално го држи и најдоброто просечно време на шесте „Најголеми светски маратони” (Токио, Лондон, Бостон, Чикаго, Берлин и Њујорк), но држи и бројни други интересни бројки околу маратонското трчање. 

Во изјава тој вели дека предизвикот може да се спореди со етапното трчање на Маратон дес Саблес (250-километарска делница во Сахара која се трча шест дена) – која тој веќе ја има три пати комплетирано. Предизвикот те носи на различни места низ светот и мораш да бидеш подготвен да се справиш со промените кои доаѓаат со патувањето. Сметам дека тој дел од предизвикот заедно со промените во температурите, од Антартик на -30 до 35 во Дубаи, се покажа како навистина голем проблем за справување и надминување. 

Котизацијата за учество на Светскиот Маратонски Предизвик изнесува 35.000 евра. – а за повеќе информации и што се таа цифра вклучува ѕирнете тука

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија