Светски ден на планината 2018 – презентации и премиера на филм

Утре на 11.12.2018 по повод Светскиот ден на планината, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија организира неколку презентации и проекција на филм поврзани со активности во изминатата 2018 година. 

Настанот ќе започне во 18 часот во ДХО “Даре Џамбаз” сала 1 (ул. 11 Октомври бр. 42), а на истиот, на почетокот ќе имаме можност да слушнеме кратка презентација на Горан Николоски за трекинг тура во Патагонија – насловено како “На крајот на светот – Патагонија”. 

Веднаш по таа презентација, ќе имаме можност да ја проследиме премиерата на филмот “Зимска балканска трилогија” во режија на Горан Вуќиќ, каде се опфаќа подвигот на нашите планинари Александар Кирковски, Игор Јовановски и Димитар Тодоровски со успешното зимско искачување на трите највисоки врвови на Балканот – Мусала 2925 мнв, Митикас 2918 мнв и Вихрен 2914 мнв за вкупно време од 30 часа и 55 минути (вклучително и транспорт). Ова претставува прво успешно комплетирање на овие врвови во зимски услови во еден обид. 

Потоа следи презентација на Александар Кирковски за брзинските искачувања на високите планини, па искачувањето на врвот Чимборацо во Перу од страна на Илина Арсова – највисокиот врв во Еквадор 6268 мнв, а воедно и најоддалечена точка од центарот на земјата, бидејќи неговата локација е близу екваторот на земјината топка. 

Програмата ќе ја затвори Здравко Дејановиќ со презентацијата “Експедиција Канченџунга 8586 мнв”.

Влезот е слободен.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија