Комплетирана програмата по повод Светскиот ден на планината – 11 Декември

Со неколкучасовна програма во организација на Федерацијата на Планински спортови на Македонија, овој понеделник 11.12.2017, во киното Фросина – МКЦ,  беа одржани неколку презентации и проекции со кои се дополни одбележувањето на Светскиот ден на планината – 11 Декември. 

За почеток беше проектиран краткиот документарен филм – „Монте Бјанко Флеш” за македонскиот брзински рекорд на Александар Кирковски на Мон Блан оваа година, а потоа следеше презентација на Бојан Митаноски и Саша Грбиќ за успешното искачување на насоката “Зидвандвехтер” (600м M5 WI4+) на Гросглокнер. 

Следна презентација беше успешното тројно високогорско искачување на Елбрус, Казбег и Арарат на членовите од ВАК Анапурна Марина Стојмирова, Ивица Митровски, Игор Марковски и Здравко Дејановиќ. Со едноминутно молчење беше оддадена почит за Ивица Митровски, нашиот млад, амбициозен и прерано загинат планинар.

Александар Кирковски ја презентираше трката во скајранинг – Ред Фокс Елбрус каде учествуваше заедно со Марјан Бонев и Дејан Тодевски, а го постигна нашиот најдобар резултат. Следеше делење на поедини признанија за повеќе личности и дела во планинарските спортови во 2017 година.

Вечерта ја затвори презентацијата на бугарскиот високогорец Бојан Петров – кој со неговите 10 искачени врвови повисоки од 8000 метри цели кон комплетирање на Хималајската Круна како прв бугарски, а воедно и балкански искачувач. Тој опфати две негови искачувања, но и голем дел од припремата и останатите подробности во овие експедиции, плановите за иднина како и неговата основна работа како зоолог кој собира и евидентира важни и ретки животински единки од овие изолирани локации. 

Проекциите и презентациите беа вториот дел од одбележувањето на светскиот ден, откако, овој викенд на 10.12.2017 беше одражно традиционалното планинарење на релација Водно-Матка каде беше одржано свеченото доделување на плакетите за спортски достигнувања во полето на планинарењето – „Даре Џамбаз”. 

Престижните плакети со ликот на Даре Џамбаз за оваа година ги добија:

  • Гојко Геговски од Планинарскиот клуб Бистра – Гостивар – За животно дело, долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството во Македонија
  • На Планинарското друштво Кожуф од Гевгелија, за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството во Македонија.
  • Александар Кирковски од ПК. Македон од Скопје за врвно спортско остварување во планинарството за 2017 година.
Останати признанија се доделија на:
  • ПСД Осогово од Кочани – Признание за постигнати извонредни резултати во планинарството за 2017
  • За постигнати резултати во планинарството за 2017 година се додели на Иван Трпков од ПСК. Димитар Илиевски – Мурато од Битола,
  • За постигнати резултати во планинарството за 2017 година се додели на Неби Хоџа од ПЕД. Шкупи од Скопје
  • Кирил Филиповски – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв
  • Дејан Тодевски – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв
  • Марјан Бонев – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв
  • Александар Кирковски – Македонски брзински рекорд на Елбрус 5642 мнв
  • Игор Јовановски – Учество и логистика во акцијата “Алпи – Брзински искачувања 2017”
  • Александар Кирковски – Македонски брзински рекорд на Мон Блан 4810 мнв
  • Бојан Митаноски – Успешно искачување на насоката “Зидвандвехтер” (600м M5 WI4+) на Гросглокнер
  • Саша Грбиќ – Успешно искачување на насоката “Зидвандвехтер” (600м M5 WI4+) на Гросглокнер
  • Игор Радичоски – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
  • Петар Нолев – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
  • Илинка Ристевска – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
  • Влатко Крбалевски – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
  • Зоран Балуловски – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
  • Ирина Дишовска – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв, Елбрус 5642 мнв и Казбег 5033 мнв
  • Здравко Дејановиќ – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв, Казбег 5033 мнв и Арарат 5137 мнв
  • Игор Марковски – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв, Казбег 5033 мнв и Арарат 5137 мнв
  • Марина Стојмирова – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв, Казбег 5033 мнв и Арарат 5137 мнв
  • Ивица Митровски – принзнание за неговите достигнувања во текот на 2017 година
  • Бојан Петров – Благодарница за посебен придонес во развојот на високогорството и експедиционизмот
  • Горан Вуќиќ, Признание – за особен придонес во промоција на планинарските спортови.
  • Томица Котевски – Искачување на Дамаванд и Казбег со турно-скии
  • Јонче Илиевски – Искачување на Казбег со турно-скии
  • Елена Џекова – Искачување на Елбрус 5642 и Казбег 5033
  • Петар Герасимов – Искачување на Елбрус 5642 и Казбег 5033
  • Дарко Вуловиќ – Искачување на Елбрус 5642 и Казбег 5033
  • Тодор Ивановски – Искачување на Елбрус 5642 и Казбег 5033

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија