Наслов

Сурфање на суво

За сите фитнес фанатици на кои им е здосадено од траки за трчање и други видови опрема за вежбање, доаѓа ново, мало и револуционерно машинче со кое може да си сурфате по дома. Не на интернет се разбира! 

Даската за сурфање на суво RipSurfer X, е дизајнирана од страна на Мајк Хартвик, менаџер на фитнес клуб во Њујорк, како начин за одржување на формата, откако престанал професионално да се занимава со хокеј. Инаку, на даската скоро вистински се сурфа бидејќи истата е поставена на воздушни перничиња.

„Тоа е како сурфање на вода“, објаснува фитнес инструкторката Сара Пoн, која тврди дека на овој начин може да се потрошат и до 1.000 калории за само 45-минути вежбање. Собната даска за сурфање веќе се продава по цена од 450 долари.

Сурфањето на „суво“ ја подобрува рамнотежата, координацијата и ги зајакнува сите мускули на телото.

08 Ноември 2012

За авторот