Наслов

Супер настап на нашите тркачи на Персенк и Орехово Ултра

Изминатиов викенд со старт во градот Асеновград во подножјето на Родопите се одржа најтешкиот планински ултрамаратон во Бугарија - Персенк каде неколку наши тркачи земаа учество на две од вкупно три трки и се искачија на еден од тие подиуми. 

фото - Bran Photography

Персенк е планински ултрамаратон кој се одржува трета година за ред на Родопите во јужна Бугарија. Тоа е настан кој оваа година беше составен од три трки со различни должини и висинки разлики наменети за различната подготвеност и мотивација на натпреварувачите. 

Нашиот тим беше составен од 9 тркачи од кои тројца учествуваа на 130 километри долгиот Персенк - Жикица Ивановски, Јовица Јованчев и Александар Таковски и шестмина на Орехово Ултра (81км) - Светлана Стојаноска, Тања Пенева, Михаил Стефанов, Игор Пирковски, Димитар Поповски и Игор Јовановски.

Македонската екипа на финишот во Асеновград

Во прилично дождливи и влажни временски услови со време од 21:48 Жикица и Јовица успеаја заедно да го завршат Персенк на делба на третото место на подиумот позади одличниот Андреи Гридин и Владимир Милушев.

Михаил Стефанов и Игор Јовановски пак имаа солидно време од 11:38 и Орехово го завршија на делба на седмото место, а останатите наши учесници истотака без поголеми проблеми и во одлично расположение го завршија овој планински тркачки настан - нешто што самото по себе заслужува подиум!

фото - Bran Photography

повеќе за Персенк - ТУКА

Жикица и Јовица некаде после Чудните Мостове / фото - Bran Photography

 

24 Август 2015

За авторот

Skopje